Во согласност со мерките за превентивна заштита од корона вирусот од денеска се затвора и НУ Библиотека „Искра“ во Кочани.
Во насока на спроведување на дополнителни заклучоци, мерки и препораки од 16-тата седница на Владата на Република Македонија, НУ Библиотека „Искра“ од Кочани известува дека од денеска ќе го применува заклучокот број 12 на Владата во кој се вели: Да се прекине со работата на библиотеките, студентските и ученичките домови на територијата на Република Македонија, во наредните 14 дена.
Библитеката нема да работи до 25.03.2020 година.