Во рамки на превентивните активности фокусирани на законската обврска за носење и користење на зимска опрема во возилата вчера (29.11.) полициски службеници за превенција од Одделението за внатрешни работи Кочани спроведоа превентивна едукативна активност реализирана во Кочани под мотото – „Биди подготвен за безбедно патување во зима“.
Притоа, на повеќе локации во градот на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина за важноста на законската обврска за поседување и за носење зимска опрема во возилата, како од аспект на личната и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот, така и од аспект на законските норми кои што предвидуваат санкции за неносење или некористење на зимска опрема во возилата.