Билтен на МВР: Во Кочани нападнат малолетник, сопружници физички се пресметале со тврди предмети

На 31.01.2025 во 18.00 часот во Полициската станица Кочани, Г.Т.(46) од с.Тркање, кочанско пријавил дека околу 09.05 часот во Кочани, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.01.2025 во 15 часот во Полициската станица Кочани, било пријавено дека во дворно место во Кочани, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца сопружници 39-годишна жена и 44-годишен маж, двајцата од Кочани, кои употребиле и тврди предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Дневен билтен на СВР-Штип

Сподели: