Борачите и тренери од БК „Спартак“ на Пониква ги започнаа четиридневните базичните подготовки во пресрет на натпреварувањата кои им следуваат до крајот на календарската година.
Вкупно девет борачи и двајца тренери на „Спартак“ работат на прорамата која се состои од тренинзи во природа предводени од борачите Влатко Соколов и Зоран Сребренов.
По завршување на подготовките кондиционата и техничка подготовка продолжува во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“.
Паралелно со БК „Спартак“ на Пониква се и борачите од БК „Балканец“ од Штип.
БК „Спартак“