БК „Спартак“ – Четворица борачи на „Спартак“ на боречки камп во Р. Бугарија

Четворица борачи на БК „Спартак“ замина на подготовки, на четиридневен боречки камп во Софија, Р. Бугарија.

На кампот присуствуваат борачи од Америка, Бугарија, Грција и Македонија. Од БК „Спартак“ присуствуаат борачите Даријан Павлев, Павел Темелков, Јован Илијев и Славица Митева, со тренерот Зоран Сребренов.

– Ова за нив ќе биде од голема корист за претстојните Државни првенства У15 и за државното школско првенство. Исто така се надеваме дека некој од нив ќе успее да се избори и за претстојното  Европско првенство У15, кое ќе се одржи годинава во месец мај во Р. Грција. Тренинзите во Р. Бугарија ги водат познати борачи од Бугарија.  Организатор на кампот е Радослав Великов, поранешен светски шампион од боречкиот клуб „Симеон Стерев-Левски“.

БК „Спартак“ – Кочани

Сподели: