Благој Ристовски виничкиот херој од #СедиСиДома

Општеството се трансформираше за секунда. Онлајн се нарачува храна, онлајн се плаќаат сметки, онлајн се оди на театар, но онлајн и се вежба. Нашиот локален херој Благој Ристовски од Виница организира онлајн вежбање во доба на изолација. 

„ Идејата за групно онлајн вежбање ја поттикнаа моите фитнес девојки за кои подготвувам тренинзи веќе четири години. Поради настаната состојба со коронавирусот решивме нашите тренинзи да одат онлајн  т.е секој да си вежба од дома.“ – вели Благој

Ристовски како фитнес тренер работи речиси 10 години, а во моментот е тренер  во „Central fitness“ – Виница. Претежно работи со рекреативци, од дома подготвува тренинзи за нив.  Ги следи фитнес  трендовите и се прилагодува на потребите на клиентите и модерниот начин на живеење.

Благој Ристовски веќе осум години работи и како професор по физичко образование во ОУ „Славчо Стојменски“  во Виница. Завршил факултет за физичко образование, здравје и спорт во Скопје. Поседува сертификати за „Tabata“, „Kombatxtreme “ , „TaeBo“ и „Total Bodyworkout“.

Покрај физичките и техничките подготовки, овој локален херој психолошки ги подготвува и  мотивира спортистите со кои работи. Според него Виница иако е мало гратче, има доста интерес за спорт од секаков вид. Врзан е за ова мало место, но и работата го исполнува.Тој верува дека секогаш може повеќе и подобро.Затоа и сподели на што во моментот работи.

„ Моментално работам на проект каде секој што сака да вежба ќе може да се вклучи во овие тренинзи или ќе се снимаат кратки видеа за секој да може да вежба од дома.“ – вели тој

Негова најголема желба е оваа вонредна состојба што побргу да заврши и сите да се вратат на своите работни места, а тој во фитнес центарот.

Благој апелира „ Сите да ги следат препораките на надлежните. Луѓето да бидат колку што е можно по активни да се занимаваат со спорт и да пешачат. Имаме одлични локации за тоа“.

Николина Атанасова

Сподели: