„БМВ“ се заби во дрво на „Кеј на Револуција“

Автомобил марка „БМВ“ на кочански регистарски ознаки удри во дрво на улицата „Кеј на Револуција“, при што две лица со полесни повреди се пренесени во болница.

Според очевидци на настанот, „БМВ“ -то со голема брзина се движел по улицата во правец кон Градскиот парк, при што возачот изгубил контрола и удрил прво во поставено столбче на тротоарот па во дрво покрај улицата. Од силината на ударот автомобилот се извртел на сред улица. Во возилото се наоѓале две млади лица кои се пренесени во болница.

Во моментот полицијата  врши увид на местото на настанот.

Сообраќајот на улицата „Кеј на Револуција“ во моментот е во прекин, а возилата се пренасочуваат по споредни улици.

И. Матеничарски

Сподели: