Почитувани сограѓани,
Во пресрет на еден од најрадосните празници, дозволете ми од мое лично име и од името на општинската администрација да ви го честитам големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик и да ви посакам празничните денови да ги поминете во добро здравје, радост и среќа.
Бидејќи се соочуваме со здравствена криза, ве повикувам на совесно и одговорно празнување. Радувајте се на празниците, но избегнувајте групирања и масовни традиционални обичаи, како што е палењето на бадникарскиот оган.
Празникот нека внесе мир, спокој и добрина кај сите и нека биде поттик да бидеме луѓе кои градат вистински христијански вредности, меѓусебно почитување и солидарност.
Честит Божик!
За многу години!
Градоначалник на Општина Кочани
Николчо Илијев