Божиќна честитка од градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев

По повод големиот христијански празник, Рождество Христово – Божиќ, градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев, до верниците од православната вероисповед упати честитка со желби за многу здравје, среќа и радост.

Во честитката стои:

„Божиќни празници се празник за душата. Посебно чуство на топлина, блискост и убавина. Почеток на нова надеж, среќа и успеси. Божиќните празници се посебни денови, денови кога се среќаваме со нашите најблиски и си посакуваме здравје и љубов, а со тоа и почит и разбирање. Нека Божиќните празници во секој дом донесат благосостојба, хармонија и љубов. Ви го честитам Божиќ, со желби за многу здравје, радост и топлина во секое семејство, почитувани граѓани на Општина Зрновци“.

Градоначалник на Општина Зрновци

Борчо Коцев

Сподели: