На сите православни верници им го честитам Божиќ, големиот христијански празник посветен на Христовото раѓање.
Празнувањето кое го сплотува семејството нека биде поттик за добрина, љубов и мир на сите.
Постапувајќи со другите така како што сакаме да се постапува кон нас, создаваме хармонија, заедништво, разбирање и меѓусебно почитување. Така градиме мостови што обединуваат и верба за просперитетна иднина.
Среќни божиќни празници!
Николчо Илијев,
градоначалник на Општина Кочани