Седум борачи од БК „Спартак“ – Кочани денеска земаа учество на Меѓународниот меморијален турнир во борење „Венцислав Поизоев“ во Петрич, Р. Бугарија при што во конкуренција на 110 борачи се закитија со четири медали од кои еден сребрен и три бронзени.
Даријан Павлев во категорија до 57 килограми го освои сребрениот медал, додека со бронза се закитија борачите Едис Билалов во категорија до 35 килограми, Андреј Соколов во категорија до 48 килограми и Филип Ангелов во категорија до 64 килограми.

Христијан Стоилов (35), Илија Иванов (42) и Павел Темелков (57) имаа успешен настап и завршија на петтото место.
Натпреварувачите беа предводени од тренерите Александар Павлев и Гоце Ангелов од БК „Спартак“.
Турнирот беше во организација на Боречкиот клуб „Беласица – Петрич 2021“ и Општина Петрич во Бугарија.


