Борачите на „Спартак“ Павлев и Илијев освоија сребро на „Трофеј штипски боречки асови“

Викендов во Штип, во организација на Боречкиот клуб „Балканец“ се одржа Меѓународниот турнир во борење во слободен стил „Трофеј штипски боречки асови“.

На турнирот учество зедоа шест борачи на кочанскиот боречки клуб „Спартак“ кои освоија две сребрени медали.

Даријан Павлев во категоријата до 68 килограми и Јован Илијев во категоријата до 52 кг. освоија сребро, додека останатите борачи, Мартин Цеков, Стојанче Андонов, Едис Билалов и Беркај Билалов останаа без пласман.

Борачите на „Спартак“ беа предводени од тренерот Зоран Сребренов, додека Гоце Ангелов и Игор Христов беа кочанска двојка судии на турнирот.

Сподели: