Борачите на „Спартак“ се закитија со четири медали на Државното првенство во борење У23

Во организација на Боречката федерација на Македонија и техничка организација на БК „Бучим“ – Радовиш, викендов во Радовиш се одржа Државното првенство во борење У-23.

Екипата на кочанскиот боречки клуб „Спартак“ настапи со девет борачи кои освоија четири медали од кои една сребрена и три бронзи. Останатите пет борачи во натпреварувањето освоија петти места, сите предводени од тренерот Влатко Соколов.

Второ место и сребрен медал освои Стефан Штерјов 61кг., додека треттите места и бронза освоија, Дамјан Крстев 57кг., Благоја Тасески 61 кг. и Бојан Гигов, 74кг.

Драган Глигоров 54кг, Петар Лазаров 74кг., Филип Горгиев 74кг., Петар Иванов, 86г. и Бојан Горгиев 92 кг.,  се пласираа на петтото место во своите категории.

И. Матеничарски

Сподели: