Прво место за борачите на „Спартак“ Даријан Павлев и Павел Темелков на Меѓународниот турнир во борење – слободен стил „Победник 2023“ што викендов се одржа во Белград, Р. Србија.
Во силна конкуренција на натпреварувачи од Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Словачка, повеќе клубови од Србија и екипите на „Спартак“, „Балканец“ и „Бучим“ од Македонија, Даријан Павлев во категоријата до 62 килограми и Павел Темелков во категорија до 68 килограми со одлични борби се беа прворангирани во своите категории.
Паралелно со настапот на турнирот во Белград, борачи на БК „Спартак“ настапија и на Вториот Меморијален Меѓународен турнир во борење – слободен стил „Венцислав Полизиев“ што во организација на Клубот во борење слободен стил „Беласица – Петрич 2021“ и Општина Петрич се одржа во Петрич, Р. Бугарија.
На турнирот учествуваа 180 борачи од клубови во Бугарија како и „Спартак“, „Балканец“, „Шкупи“, „Лирија“ и „Олимпија“ од Македонија.
Од четворицата претставници на „Спартак“. Кристијан Илиев (38), Мартин Цветков (47), Јован Илиев (47) и Илија Иванов (53) единствената победа ја забележа Илија Иванов.
Освен четворицата борачи поддршка на борачите на „Спартак“ беше тренерот Зоран Сребренов и судиите Игор Христов и Гоце Ангелов.
И. Матеничарски