Борачите Столе Ефтимов и Ненад Јанкулов повторно во БК „Спартак“

Борачите Столе Ефтимов и Ненад Јанкулов повторно се приклучија кон кочанскиот боречки клуб „Спартак“,  информираа од клубот.

Тие досега ги бранеа боите на штипскиот боречки клуб „Балканец“, но потекнуваат од школата на БК „Спартак“.

Двајцата се искусни борачи кои во својата кариера имаат постигнати високи резултати како на домашно така и на меѓународно ниво.

Сподели: