Борачот Даријан Павлев од “Спартак” со златен медал ја заокружи 2024 година

Викендов во Скопје се одржа меѓународниот турнир ,,Ментаз алајбегу и Хајруш Синани” во борење во организација на БК “Лирија” на кој учествуваа 150 борачи од Турција, Бугарија, Косово, Албанија и сите клубови од Македонија.

Боречкиот Клуб „Спартак“ од Кочани настапи со шест натпреварувачи кои освоија 1 златен и 2 бронзени медали.

Даријан Павлев освои 1 место 68 кг. Убедливо ги совлада сите противници и ја заокружи оваа година со златен медал.

Павел Темелков 3 место 75кг.

Јован Илијев 3 место 57кг.

Мартин Цветков, Стојана Митева и Едис Билалов зедоа учество во своите категории.

Екипата на „Спартак“ ја предводеше тренерот Иван Јанев, а Гоце Ангелов и Игор Христов беа дел од судиската екипа кои ја делеа правдата на душекот.

БК „Спартак“ – Кочани

Сподели: