Кочанскиот борач Иван Јанев деновиве се наоѓа на клубски подготовки во СРЦ „Пониква“ во пресрет на натпреварите кои го очекуваат на почетокот на следната година.
Јанев заедно со 15-тина клубски колеги од БК „Бучим“ интензивно работат на својата физичка и техничка спремност во пресрет на закажаните борби.
-Подготовките е базични и течат во најдобар ред. На дневно ниво одработуваме по три тренинзи, под водство на тренерот Горан Атанасов и се спремаме за натпреварите кои започнуваат кон крајот на јануари следната година. Се надевам дека преку напорни тренинзи ќе го повторам успехот од 2020 и 2021 година и следната година ќе влезам во репрезентацијата за учество на Европкото и Светско првенство, изјави за интернет-порталот „Гласно“, Јанев.
Иван Јанев е државен првак на ниво на Македонија во 2020 и 2021 година. Воедно, Јанев е единствениот кочански спортист кој е актуелен државен шампион во сениорска конкуренција.
Моментално ги брани боите на Боречкиот клуб „Бучим“ од Радовиш.
И. Матеничарски