Борачот Столе Ефтимов е Државен шампион во борење во категоријата до 97 килограми, по импресивниот резултат што го оствари на Државното првенство во борење во слободен стил за сениори што вчера се одржа во Радовиш.
Ефтимов настапи во категоријата до 97 килограми каде во сите пет борби, оствари исто толку победи кои му донесоа титула Државен првак во борење во својата категорија.
Кочанецот Ефтимов е поранешен борач на БК „Спартак“ од Кочани, а сега ги брани боите на штипски „Балканец“.
Боречкиот клуб „Балканец“ беше најуспешна екипа на Државното првенство во борење со 38 бода, веднаш зад „Лирија“ со 33 и „Бучим“ со 29.