Боречката федерација на Р. Македонија денеска во Кочани го означи стартот на едногодишниот проект за обука на тренери „Развој на националниот спортски систем“ чиј домаќин е Боречкиот клуб „Спартак“, поддржан од МОК (Македонски Олимписки Комитет) и (UWW) Меѓународната боречка федерација.
Обуката е поделена на теоретски и практичен дел и ќе се реализира со учество на млади борачи од „Спартак“.
Во проектот предвидени се 10 сесии во теорија и пракса и ќе се спроведува во следниот едногодишен период преку која ќе бидат обучени 21 тренер од клубови од Македонија.
Обуката ја спроведува лиценциран предавач од Меѓународната боречка федерација, Ѓорѓи Сретков, поранешен боречки стручњак од Р. Бугарија.
И. Матеничарски
Фото: БФРМ