Боречката федерација на Република Македонија и секретарот Драгана Савева во периодот од 1-5 декември 2023 год. присуствуваа на Глобален форум за жени лидери во борење во Институтот за спорт, во Париз, Р. Франција.
Форумот беше во организација на Светската боречка асоцијација на кој учествуваа 40 жени од светот.
Предавач на настанот беше мексиканката Габриела Мулер, додека секретарот на БФМ, Драган Савева зеде учество како панелист на тема „Користењето на социјалните мрежи во боречките федерации“.