Боречката федерација на Македонија учесник на меѓународен конгрес во Р. Хрватска

Денеска се одржа Конгрес УВВ Европа, во Загреб, Хрватска.

На конгресот  присуствуваа претседателот  на Боречка Федерација на Северна Македонија Г-дин Дејан Богданов и Секретарката на Федерацијата Драгана Савева.

На Конгресот се разговараше за апликациите за Организација на Европски и Светски Првенства од 2023-2026 година.

Нашата Федерација има аплицирано за следниве првенства:

Балканско Првенство У15 и У17 2024 година

Светско Првенство У23 2024 година

Олимписки Квалификациони Европски и СветскиТурнири 2024

Европски Првенства У17 за 2025 и 2026 година

Конечна одлука за местото на одржување ќе биде донесена до крајот на годината и се надеваме дека ќе бидеме домаќини барем на едно од наведените првенства.

На конгресот се разговараше и за проектите кои што ги организиравме во текот на годината и добивме многу пофални зборови од Светската Боречка Федерација УВВ за одличната организација на проектите и напредокот на македонската федерација.

БФРМ

Сподели: