Секретарот на Боречкиот клуб „Спартак“ и боречки судија Гоце Ангелов се здоби со лиценца од меѓународна категорија – Меѓународен судија од третта категорија од страна на Светската боречка асоцијација.
Ангелов лиценцата ја доби по успешно помината обука од врвни инструктори и делегати од Светската боречка асоцијација во месец јуни, во Загреб, Р. Хрватска.

– Од 15 до 19 Јуни во Загреб, Р. Хрватска се одржа Европско првенство во борење слободен стил, грчкоримски стил и девојчиња до 15 години (У15). Со подршка од БФРСМ, која ми обезбеди патување, сместување и партиципација за стекнување на лиценца од меѓународна категорија, заедно со репрезентативците и селекторот отпатував на Европското првенество. На првенството под менторство на врвни едукатори, инструктори и делегати од Светската боечка асоцијација успешно го поминав теоретскиот, а потоа и практичниот дел за Меѓународен судија од трета категорија со која ќе можам да ја делам правдада на душекот на Меѓународн турнири, Балкански и Европски првенства до 15 год – истакна Ангелов.
По боречкиот судија Игор Христов, Ангелов е втор кочанчанец кој поседува лиценца за боречки судија од третта категорија.
И. Матеничарски
