Борчо Коцев ја презема функцијата градоначалник на Општина Зрновци од Блаже Станков

Во Зрновци денеска официјално беше извршено примопредавањето на функцијата градоначалник на општината, помеѓу досегашниот градоначалник Блаже Станков и новоизбраниот Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ.

На првиот работен ден како градоначалник, Коцев пред медиумите вети целосна реализција на предизборната програма во која се сместени стотина проекти за реализација во текот на четиригодишниот мандат.

-Се чуствувам спремен и способен заедно со советниците во Советот на општина Зрновци, стручната служба вработена во Локалната самоуправа на општина Зрновци, како и локалните институции на општината да одговорам на задачите и обврските кои со себе ги носи оваа одговорна функција со посветено и домакинско работење.Пред започнување на изборната кампања заедно со граѓаните на општина Зрновци изготвивме програма за работа на шеесетина страни со над 100 проекти, решенија и предлози за работа во 4 годишниот мандат, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци

Коцев ја искористи приликата да се заблагодари на жителите на Зрнвоци за укажаната доверба да биде градоначалник во следните четири години.

На примпредавањето на градоначалничката функција, досегашниот градоначалник Станков му посака успех на својот наследник  и успешна реализација на ветените проекти од предизборната програма.

-Приликата ја користам да му посакам успешна работа на новоизбраниот градоначалник, убеден сум дека сето она што беше понудено во изборната програма ќе биде остварено. Посакувам разбирање со грѓаните, го чека многу работа и труд за исполнување на програмите. Мене ми беше чест да бидам прв човек на Зрновци и ја користам приликата да се заблагодарам на грѓаните на Зрновци и вработените во општинската администрација за успешната сорботка и реализацијата на проектите во изминатите четири години, истакна Блаже Станков, поранешен градоначалник на Зрновци.

Борчо Коцев, доаѓа на градоначалничката функција по победата во првиот круг од Локалните избори како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“, со разлика од 200 гласови пред својот противкандидат Виктор Ангелов од СДСМ.

И. Матеничарски

Сподели: