Братот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков поднесе кривична пријава против Г.С, актуелен претседател на ОО на СДСМ – Кочани

Известување до медиумите:

„Денес ( 01.02.2021 година ) до Основното јавно обвинителство Кочани, од моја страна е поднесена кривична пријава проитив лицето Г.С кој е претседател на ОО на СДСМ Кочани ,за сторено кривично дело ,,Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски системи,, од чл.394-г ст.1 од КЗ.Пријавениот со цел и намера да ме прикаже во јавноста како нечесна и неморална личност,на ден 29.01.2021 година ,преку социјалната мрежа ,,facebook,, сподели фотографија на која има текст со невистинита содржина за тоа дека сум член на групата ,,Јавна соба,, на интернет апликацијата ,,Телеграм,, во која група се споделувале фотографии и видеа со забранета содржина.Иако знаел дека сето ова е лага,над сликата го напишал следниот текст: ,,нештата да бидат пјасни,,.Сето тоа го пишувал и споделувал со намера да поттикне омраза поради политичка припадност против мене како брат на пратеник од политичката партија ВМРО ДПМНЕ.

Со ова известување истотака сакам да ја известам јавноста,односно сите оние кој не ме познаваат лично а кој ја подржаа и споделија објавата на пријавениот и упатија негативни коментари на моја сметка, да ги отстранат сите навредливи и клеветнички коментари , во спротивност ќе поведам соодветна постапка за навреда и клевета согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Сакам да појаснам дека на објавените слики и видеа,кои се посочуваат како доказ дека јас сум член на групата ,,Јавна соба,, единствено може да се забележи контакт од телефонски именик на апликацијата ,,Телеграм,, запишан со мое име и презиме и дека сопственикот на тој телефонски број е член на групата ,,Јавна соба,,.На истата фотографија се гледа само префиксот на операторот А1,првите три броеви 078 а останатите броеви се скриени а тоа не е мојот телефонски број , па така секој корисник на телеграм и член на група може да на било кој број кој го има во својот телефонски именик а кој е истотака член истата група да го напише било кое, па и моето име и презиме.Оттука очигледна е намерата на пријавениот и на лажни профили со кои се допишува или се во негова сопственост, а тоа е ширење на лаги ,измислици со кој се поттикнува омраза.

Од тие причини , заради расчистување на случајот и како заради обезбедување на доакази дека не е точно тоа што е објавено дека сум член на оваа или слична група ,известен е и Секторот за компјутерски криминал во МВР“.

Адвокат Иван Лефков

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial