Младите и талентирани музичари од Бревис бенд, вокалот Мартин Иванов и пијанистот Никола Николовски на 19 јануари ја промовираа својата нова преработка на песната „Најдрага моја“ од Тоше Проески.
Ова е нивен четврти кавер на македонска популарна музика. Тие се релативно нови на македонската музичка сцена, а често можеме да ги слушеме во кафулиња и дискотеки во Скопје, Виница, Гевгелија , Прилеп и низ целата држава.
Проектот со преработка на македонска поп музика е најава за нивна прва авторска песна, за која ни ветија дека наскоро ќе дознаеме.
Преработките можете да ги слушнете на нивниот официјален youtube канал.
И.Матеничарски

