Се одиграа натпреварите од 13-тото вонредно коло во Втората Македонска фудбалска лига – Исток.
ГФК „Осогово“ забележа пораз од „Брегалница“ – Штип со резултат од 1-3, на дуелот што попладнево се одигра на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.
„Брегалница“ до трите бода дојде со пресврт-победа. „Осогово“ поведе прв преку Александар Недановски во 19. минута, но потоа на сцена стапија Кристијан Ацковски, Ристе Наумов и Љупче Кудев, кои трипати стрелаа до крајот на првиот дел и ја осигураа победата на штипјани.
На останатите средби беа постигнати следниве резултати:
„Тиквеш“ 1 – 4 „Кит -Го“
„Кожуф“ 0 – 0 „Слога Виница“
„Плачковица“ 0 – 0 „Победа“
„Каменица Саса“ 5 – 0 „Росоман“