Во Спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје вчера се одржа Државното првенство во кик бокс на кое учествуваа 29 клубови од Македонија и над 100-тина кикбоксери.

Кик боксерот Кирил Тодоров од Кочани кој се натпреварува во виничкиот кик бокс клуб „Лидер“ освои бронзен медал, додека неговиот клубски колега Александар Веселинов победи полуфиналната борба, но беше приморан да се откаже понатаму поради повреда.

– Кирил Тодоров имаше две победи и зеде бронзен медал, се бореше храбро и поради здравствените проблеми, се откажа во финаланта борба. Александар Веселинов беше подобар во полифиналето со победа со нокаут, но беше принуден да се откаже поради повреда во финалниот меч. Кик бокс клубот „Лидер“ на Државното првенство во кик бокс зеде пет златни, два сребрени и три бронзени медали, соопштија од клубот.
Кик бокс клубот „Лидер“ своите тренинзи освен во Виница ги одржува и во Кочани. Тренер на клубот е Дарко Гоцевски.