Албумот „Буден сонувам“ на кочанчанецот Мартин Милев (Martix) ново ремек дело за публиката.
Деновиве на јутуб каналот на Martix од продукција излезе новиот албум на Милев, во кој се поместени четири песни, „Буден сонувам“, „Уметноста на малите чекори“, „Нова слобода“ и „Една без наслов“
– Посебна чест ми претставува да го споделам со вас ова кратко внатрешно патување. Огромна благодарност до Лука Кантарџиев кој е виновен за целата продукција. За дизајнот е задолжен Иван Петрушевски – Филм, а анимацијата е на Бисера Михајловска. Слушнете, споделете и уживајте во патувањето, соопшти Милев.
Претходно Милев го издаде својот прв соло албум „NeverАмore“ во кој се поместени 12 песни.
И. Матеничарски