Вандализиран „Еко-етно паркот“ во селото Соколарци

Несовесни граѓани деновиве целосно ја уништиле дел од урбаната опрема поставена во „Еко-етно паркот“ во селото Соколарци, во Чешиниво-Облешево.

Според фотографиите уништени се детските реквизити , корпи за отпадоци , ќерамиди од кровот на набљудувачницата и делови од оградата на паркот.

Од Општина Чешиниво-Облешево го осудија вандалскиот чин и ги замолија жителите кои ќе забележат вакво нешто да ги пријават сторителите.

„Остро го осудуваме овој вандалски чин и ги замолуваме сите граѓани кои ќе забележат вакво нешто да ги пријават сторителите . Уште еднаш апелираме за повисока граѓанска свест и одговорност при зачувување на заедничкиот имот затоа што сето она што се гради му припаѓа секому од нас“ стои во реакцијата од Општина Чешиново-Облешево.

И. Матеничарски

Сподели: