По повод празнување на празникот посветен на Св. Василиј, иницијативниот одбор на црквата – параклис „Св. Димитриј“ во населбата Трајаново Трло за прв пат организираа палење на Василичарски оган за жителите.
Масовната посетеност на одбележувањето на празникот собра 70 – тина фамилии од населбата да го посетат параклисот и да го прослават христијанскиот празник со чашка греано вино, ракија и зелник во духот на традицијата.

Се делеше лепче со паричка, а најсреќна беше малата Јована Стојанова која воедно и е прва кума. Од иницијативниот одбор истакна дека планираат одбележувањето на Василица да прерасне во традиција во населбата.
