Васил Ангелов и Наталија Теодосиева добитници на општинските награди за „Животно дело“ и „Значајни остварувања за развојот на општина Кочани“

Одборот за доделување на награди на Општина Кочани на денешниот свој состанок, трети по ред за оваа година ги одреди добитниците на годинешните награди за „Животно дело“ и за „Значајни остварувања за развојот на општина Кочани“.

По годинешниот Јавне оглас кој траеше од 01.08 до 25.08. до Одборот за доделување на награди на Општина Кочани беа пристигнале три предлози за „Животно дело“ и пет предлози за „Значајни остварувања за развојот на Општина Кочани“.

Наградата на Општина Кочани за „Животно дело“ е плакета и сe доделува во случаи на исклучителни разултати и остварувања во областа на науката, иноваторството, уметноста, стопанството, и во другите дејности од јавен интерес.

Годинава за оваа награда беа доставени три предлози: за Божидар Андоновски, Васил Ангелов и Јанаки Наумов, а одборот со едногласно одлучи наградата да му припадна на Васил Ангелов.

Наградата на Општина Кочани за „Значајни остварувања за развојот на општината Кочани“ се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на грагани.

Годинава за оваа награда беа доставени пет предлози: за Благој Зашов, ТППЕ – Кочани, Ружа Стојманова, Игор Христов и Наталија Теодосиева, а одборот едногласно одлучи наградата да и биде доделена на Наталија Теодосиева.

Наградите на годинешните добитници ќе им бидат врачени по повод 7-ми Септември, ослободувањето на градот Кочани, на Свечената седница на Советот на Општина Кочани која годинава поради моменталната состојба ќе се одржи на „Споменикот на слободата“.

Сподели: