Велигденска честитка на градоначалникот Николчо Илијев

Драги сограѓани,
Оваа година Велигден го славиме во своите домови, во тесен круг, со семејството, најблиските.

Нашите желби за поинакво празнување понекогаш се разидуваат со можностите што ги имаме, како што се овие, произлезени од вонредната состојба со коронавирусот.
Повикувам смирено да ги прифатиме препораките и мерките за заштита на нашето здравје. Разумно и со трпение да ја победиме болеста што му се заканува на човештвото.

Со љубов и радост кон ближните да ги поминеме празничните денови, па догодина, во добро здравје да продолжиме да го славиме Велигден според традицијата.

Ако знаеме да се штитиме самите, ќе знаеме да ги поштедиме од страдања и тие до нас.
Внимавајќи на нашето, го чуваме јавното здравје! Така победата на животот над смртта, ќе биде посилна од кога и да е!


За многу години! Честит Велигден!

Сподели: