Велосипедска прошетка по повод Европскиот ден на мобилност и Денот без автомобили

По повод одбележување на Европскиот ден на мобилност и утрешниот 22 Септември, Денот без автомобили, стотина велосипедисти од Кочани учествувааа на 15. километарската велосипедската прошетка, на патеката од Кочани, преку селата  Грдовци, Мојанци,Долни и Горни Подлог.

Велосипедската тура беше можност за промовирање на завршувањето на проектот за патно поврзување на трите села Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци, како и јавното осветлување на оваа делница.

На прошетката учество зеде и потпретседателот на Владата, Љупчо Николовски, Швајцарската амбасадорка Сибел Зутер Техада, градоначалникот Николчо Илијев, граѓани и претставници на граѓански организации од Кочани.

Во селото Горни Подлог, во дворот на Црквата посветена на Св.Јован Опсечен, велосипедистите направија пауза и закуска со традиционални јадења од Кочанското поднебје, по што се вратија за Кочани.

Велосипедската прошетка беше во организација на Општина Кочани.

И.Матеничарки

Фото: А.Арсов

Сподели: