Верижен судир кај Подлошката крстосница

Верижен судир на четири возила се случил вчера оклу 14:00 часот на магистралниот пат Делчево -Штип, во близина на Подлошката крстосница.

Во судирот учествувале патничко моторно возило „Сеат“ со светиниколски регистарски ознаки управувано од В.Н.(42) од с.Амзабегово, патничко моторно возило „Опел Астра“ со штипски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(35) од с.Стар Караорман, патничко моторно возило “Туран“ со струмички регистарски ознаки управувано од Д.Ј.(66) од Виница и патничко моторно возило “Туран“ со кочански регистарски ознаки управувано од Б.А.(51) од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „Сеат“ П.Н., а со телесни повреди се здобил и возачот Б.А. по што биле пренесени во ЈЗУ Општа болница Кочани за укажување на лекарска помош.

На местото на настанот увид извршила увидна екипа од Полициска станица Кочани.

Извор: Дневен билтен МВР

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial