Грижата за здравјето на Вашите миленици препуштете ја на Ветеринарна амбуланта „Д-р. Јаневи“ – Кочани.

Ветеринарната амбуланта нуди прегледи, дијагностика и лекување на вашите миленици. Хируршки интервенции, ехо-дијагностика и стручни совети при одгледување на милениците.

Целосна заштита и превенција од паразити и вакцинација.
Ветеринарна амбуланта „Д-р. Јаневи“ нуди производи за хигиена на домашни миленици, храна и аксесоари за кучиња и мачки, опрема и храна за домашни животни и птици.


Локација на ул. „Страшо Ербапче“ бр.7, на крстосницата кај угорнината накај панаѓурот.

За вашите домашни миленици се грижи Д-р Иван Јанев, доктор по ветеринарна медицина и ветеринарен техничар Зоран Јанев.


Амбулантата нуди можност за посета и во домашни услови.
Телефон за контакт: 075/339-409 или 070/692-552


