Вечерва во „Бели Мугри“ – Концерт на дуото Ѓоревски – Бакревски

Во Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани вечерва со почеток од 20:30 ч. концерт ќе одржи дуото кларинети Ѓоревски-Бакревски.

На програмата се дела од Моцарт, Вебер, Лефевр, Росини, Бот, Илиевски и Огненовски.

Со залагањето на Дуото кларинети да ја презентираат македонската музика и култура и пошироко од границите на нашата земја, се етаблираат како значаен субјект на полето на класичната музика во Македонија, и се единствен ансамбл од ваков вид кој константно опстојува и бележејќи успешни настапи и во Македонија но и во странство – Бугарија, Словенија, САД, Австрија, Словачка.Нивниот труд на меѓународна сцена беше награден и на Mеѓународниот натпревар во Штањел, Словенија во 2015 година, каде што ја освоија сребрената награда во категорија на камерни ансамбли.

Концертот ќе се одржи на западната тераса на Центарот за култура.

Сподели: