Вечерва во Мултикултурниот центар – концерт на пијанистката Благица Арсова

Денес со почеток во 20 часот во Мултикултурниот центар во Кочани, концерт на пијано ќе одржи Благица Арсова.

Благица Арсова е пијанистка родена во Кочани. По завршувањето на студиите во Македонија, продолжува на конзерваториумот „Џузепе Тартини“ во Трст-Италија во класата на маестро Лука Трабуко и е пред дипломирање.

Во текот на школувањето посетува и неколку мастеркласи со професорите Јури Кот, Џорџе Милојковиќ, Владимир Млинарич, Александар Сердар, Драган Опанчич и Олексиј Молчанов.

Има освоено многубројни државни и меѓународни награди.

Општина Кочани

Сподели: