На 07.12.2022 год. (среда) во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани во Салон Фоаје 2 на катот со почеток во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата „Метаморфози“ од Орхан Ќамилов и Викторија Митева.
„Суштината е да ја пронајдеме вистината во себе- онаа имитација и мимикрија која ја доживуваме преку природата, следејќи ја, анализирајќи ја, понекогаш имитирајќи ја- таа создава слоеви на метаморфозната корупка во која ни е,внатрешно, од истата природна мимикријa, се развиваме. „Визуелна метаморфоза” е термин што го користиме за да укажеме промена на обликот во уметноста. Тоа му овозможува на уметникот да трансформира форма што претставува едeн предмет- во слична форма, која преставува нешто друго. Ова, пак, овозможува едно значење да се сокрие зад друго значење. Уметникот, преку природен процес, можеби несакано, препуштен е на себеослободување- се ослободува од сопствената корупка, од сопствената имитација, сопствената мимикрија“.