Љубителите на зимските спортови вечерва ќе имаат можност да уживаат во ноќно скијање под рефлектори на Пониква.
„Ски-патеката 3“ на СРЦ „Пониква“ е целосно израмнета и подготвена, а ќе се скија во периодот од 17:30 ч. до 20:30 ч.
Снегот кој интензивно паѓаше претходните денови формираше снежна покривка која ги задоволува потребите на патеката. Ски-патеката е целосно подготвени и е на располагање на љубителите на зимските спортови.
Сподели: