Вечерва промоција на книгата „Аматерски театар ‘Бели мугри’ – Кочани 1967 – 1991 г.“

Вечерва (29 септември 2021 г.) во 18 ч. во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, ќе биде промовирана книгата „Аматерски театар ‘Бели мугри’ – Кочани (1967 – 1991 г.)“ од авторот Киро Герасимов.

Делото го прикажува формирањето и работата на кочанскиот Аматерски театар, вклучително со реализираните оперети и куклени претстави. Во него е објавена и уредно водената статистика низ преглед на реализирани премиерни претстави и нивните репризи, гостувања низ државата и надвор од неа, учеството на Аматерскиот театар на Драмскиот аматерски фестивал, театарски награди и признанија и сл.

Настанот, кој е дел од 30. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, ќе се спроведе според протоколите за организација на јавни настани.

Сподели:
  •  
  •  
  •