Со претставата „Процес 180“ на авторот Никола Ристевски вечерва продолжува 51. Издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија.
На летната сцена при НУЦК„Бели мугри“ од 19:00ч театарската група „Интимен театар“ ќе ја прикаже претставата „Процес 180“ во изведба на актерите Ана Жежовска и Валентин Дамчевски.
За в сабота 26. септември на репертоарот на ДАФ со две претстави ќе настапи театарската група од ДАХ театар Белград.
На летната сцена од 19:00ч ќе биде прикажана претставата „Play Nushic“ во режија на Ајдин Хузејровиќ, а театарска игра на Јана Михаиловиќ и Магди-Ел Асраг.
За 20:00ч е закажана претставата „На брановите“ од Саша Павчек, во режија на Ајдин Хузејровиќ, а ќе ја изведат Јана Михаиловиќ и Џорџе Галиќ.
Костимографијата и сценографија на претставите на ДАХ театар се на „DnA“.