Вечерва на спортските терени во дворот на гимназијата „Љупчо Сантов“ ќе се играат две од вкупно четирите четвртфинални средби во рамки на Петровденскиот турнир во мал фудбал 2021 год.
Со почеток од 20 ч. на повеќенаменското игралиште силите ќе ги одмерат екипите на „Балкан Лукс“ и „Паневски“, додека од 21 ч. е закажана средбата помеѓу „ВЛТ“ Грдовци – „Еликсир“.
Преостанатите четвртфинални средби се закажани за в понеделнк 5 јули, кога ќе се сретнат екипите на
20 ч. „Астра Казино“ – „Пјаца“
21 ч. „Златно Зрно“ – „Ауто Велт“
Во полуфиналните дуели, според распоредот вкрстуваат победниците од натпреварите „Балкан Лукс“ – „Паневски“ и „Астра Казино“ – „Пјаца“ и победниците од „ВЛТ“ Грдовци – „Еликсир“ и „Златно Зрно“ –„Ауто Велт“.
И. Матеничарски