ЗГ „Афористичка репрезентација на Македонија“ по десетти пат, јубилејно ќе ја одржи својата традиционална манифестација „Вечер на македонскиот афоризам“.
Настанот ќе се одржи на отворено, во месноста Кај Дабот кај селото Бели, симболично среде бел ден, точно напладне во 12 ч. на 2 април.
Во рамки на манифестацијата беше распишан конкурс „Кочани 2022“ на кој свое учество земаа дваесет и двајца афористичари од Македонија кои испратија 26 авторски сетови со по 10 афоризми на тема Македонија, Македонизмот.
Жирито составено од Димитар Илиев – Вилазорски, Љупчо Силјановски и м-р Доне Донев одлучи првата награда да му ја додели на кочанецот Јане Атанасов, второнаграден е афористичарот од Скопје, Марјан Анѓеловски, а треттонаграден е Ацо Ѓорѓиев од Струмица.
Жирито одлучи да додели диплома на најмладиот за автор учесник на конкурсот, Сања Велкакова заради стимулирање на творештвото кај младата популација. Афористичарите Ружа Стојмилова, Ристо Филчевски, Драганчо Тасевски – Изворски и на Миладин Угреновиќ да и додели пофалници за посебен квалитет на нивните афоризми доставени на конкурсот.

