„Вешта жена“ – Годинава за учество пријавени се пет натпреварувачки, манифестацијата ќе се одржи на 8 април

Пет натпреварувачки се пријавени за учество на овогодишната манифестација „Вешта жена“ што ќе се одржи на 8 април во ресторан „Амор“. Има заинтересираност за присуство и веќе голем број карти се продадени, велат локалните организатори.

Учесничките се натпреваруваат во повеќе категории декорација на десерт, главно јадење, аранжирање на салфета, општ впечаток и цветни декорации.

Влезницата годинава изнесува 500 денари со вклучена вечера, а ќе има и наградна игра за гостите и награди за учесничките. Ќе бидат доделени и благодарници за најуспешни жени во образованието, медицината и бизнис секторот.
Кочанските претставнички досега добро го претставуваа својот град на републичката манифестација. Имаат донесено повеќе први награди во категориите декорирање на маса и за декорација на главно јадење и десерт.

И овогодишната победничка ќе учествува на републичката манифестација што и годинава ќе се одржи во Тетово, а потоа со сите победнички од сите градови одат на патување на далечна дестинација надвор од земјавата.

Сподели: