Сообраќајна несреќа во која неофицијално нема потешко повредени лица само причинета поголема материјална штета се случила ноќеска на крстосницата на мостот кај Шопинг центарот во Кочани.
Во неа учествувале две возила, патничко моторно возило „Ланд Ровер“ и товарно возило марка „Мерцедес“.
Според изјави на очевидци до несреќата дошло поради непочитување на првенство на минување на крстосницата. Едно од возилата од силината на ударот било исфрлено на тротоарот при што оштетен е ѕидот на кејот на реката и урбана опрема.
За среќа во моментот на несреќата тротоарот бил празен и немало пешаци.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС – Кочани што треба да ги даде причините за несреќата.