(ВИДЕО) Започнаа уписите на првачиња во новата учебна 2020/2021 година

Основните училишта во Кочани ги отворија вратите за упис на првачиња во учебната 2020/2021 година.

Околу  300   ученика од септември се очекува да седнат во училишните клупи, во петте основни училишта во  Кочани.

Денеска започнаа уписите и во ОУ„Малина Попиванова“  каде оваа година се очекува да се запишат  65 првачиња.

  • Од денеска 1-ви јуни започнавме со упис на првачињата. По самиот протокол што е даден од Министерството за образование и Владата на Република Северна Македонија во нашето училиште се спроведени и запазени сите мерки што ги бараат, за заштита на самите деца, родителите, вработените, комисијата со носење на заштитна маска, антибактериски средства, со паузи и сето тоа што е дадено од препораката. Уписот на првачињата тече во најдобар ред, истакна Благој Петров, директор на ОУ„Малина Попиванова“ Кочани.

Од ОУ„Малина Попиванова“ информираа дека уписите на првачињата продолжуваат и по  4-ти јуни, за оние кои не успеале да стигнат да се запишат во предвидениот рок.

Уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2020 година ќе наполнат шест години, односно е задолжителен за сите деца родени во текот на 2014 година, но и за оние кои ќе пројават интерес, а се родени во текот на јануари 2015 година, по претходно барање од родителот односно старателот и добиено мислење од педагоготили психологот во училиштето.

Од училиштето информираат дека учебната година ќе заврши на 10 –ти јуни. Свидетелствата ќе се дадат само на учениците од  девето одделение, додека на останатите ќе им бидат врачени во септември.

И.Матеничарски

Фото: А.Арсов

Сподели: