Компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ во месец октомври го одбележа своето седумгодишно постоење, како еден од носечките стопански субјекти во општината, со најголем број вработени и постојан напредок во поглед на финансиските резултати.
Годинава, одбележувањето на роденденот беше пропратено со хуманитарни донаторски акции за учениците од основните училиштата во општината, болницата во Кочани и неколку спортски колективи.
Брзиот развој за релативно краток период и овозможи на „Амфенол“ да се вброи меѓу најуспешните компании со странски предзнак во државата.
За постигнатите резултати, планови и проекти за во иднина, разговаравме со Сашко Наков, извршен директор на компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“, како и со дел од вработените.
Видеото можете да го погледнете со клик ОВДЕ.
Компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија “ и периодот што следи ќе работи на развој на нови проекти, зголемување на постоечките производни капацитети, ширење на пазарот и отворање на нови работни места.
Со најавите за нови вработувања и плановите за инвестиции во 2021 година, „Амфенол“ докажува дека успешно ја пребродува коронакризата и со тоа остава слика за сериозноста и стабилноста на компанијата на пазарот.
Грижата за вработените и општествената одговорност остануваат приоритети и во иднина, а бенефитите од сето тоа ќе ги чувствуваат сите граѓани на Кочани.