ВИДЕО: Силно невреме во Кочани – штети по објекти, возила и имоти на граѓаните

Обилни врнежи од дожд што вечерва го зафатија Кочани предизвикаа сериозни проблеми и штети по објкти и возила на граѓаните.

Од поројот поплавени се поголем број на куќи, дуќани во Трговскиот центар, а паднати дрвја освен по улиците има и врз паркирани автмобили.

На улицата „Скопска“, дрво падна и оштети два паркирани автомобили. Поради надојдената вода во прекин беше и сообраќајот на улицата „Иво Лола Рибар“ кај основното училиште „Св. Кирил и Методиј“.

Поголем дел од градот остана без електрична енергија за време на невремето.

На терен се надлежните служби од Територијалната противпожарна единица – Кочани, Доброволното противпожарно друштво, „Водовод“ и  полицијата.

Штетите од невремето ќе се утврдуваат дополнително.

Сподели: