Викендов во Пробиштип требаше да се вози втората ридско-брзинска трка од Државниот шампионат во автомобилизам на Македонија.
Сепак, поради нереќен случај на патеката за кој искрено жалиме, животот го загуби долгогодишениот автомобилистички судија и директор на трката, член на Автомобилистичката федерација на Македонија, Кире Андреевски- Кирца.
Трагичниот настан беше и причина трката во Пробиштип да биде прекината.
На натпреварувањето свое деби на патеката требаше да има и Дејан Манасиев од Кочани, кој со своето Renault Clio ќе настапеше во категоријата Е1 до 2000 кубни сантиметри, во конкуренција на триесетина натпреварувачи од Македонија.
Во прилог можете да го погледнете тренинг возењето на кочанецот Дејан Манасиев.
И.Матеничарски