АМСМ известува дека викендов поради одржување на меѓународниот натпревар во автомобилизам од календарот на ФИА-ЦЕЗ на ридски патеки, сообраќајот на патниот правец од Кочани, поточно с. Бели спрема Пониква, ќе биде затворен за сообраќај во периодот од:
03.09.2022 Сабота – 10:00 часот затворање на патниот правец од страна на полиција, 12:00 часот одржување на тренинзите до нивно завршување.
04.09.2022 Недела – 10:00 часот затворање на патниот правец од страна на полиција, 12:00 часот одржување на натпреварот се до негово завршување.
АМСМ